Македонија

Денеска утврдување највисоки цени на дел од зеленчукот и овошјето

03.04.2023 09:03

Владата денеска треба да ги утврди највисоките цени на дел од овошјето и зеленчукот. Со одлуката ќе бидат опфатени домати, краставици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон...

Владата денеска треба да ги утврди највисоките цени на дел од овошјето и зеленчукот. Со одлуката ќе бидат опфатени домати, краставици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, анализите на податоците за овие производи се завршени.

Бектеши воедно ги повика граѓаните да дадат придонес во дополнување на листата производи.