Земјоделците бараат пониска цена на ѓубривата
Од утре ограничени цени на 11 видови овошје и зеленчук. Ќе важат до крајот на месецов, земјоделците незадоволни. Обврската за намалувањето ќе важи и за пазарџиите. Инспекторите ќе проверуваат на терен...

Можеме ли да очекуваме намалени цени на овошјето и зеленчукот според најавено замрзнување? Пазарџиите велат зависи од производителите.
Производителите пак негодуваат што не се замрзнале цените на ѓубривата, семенските материјали, најлоните за пластениците. Велат дека и со старата цена не можат да ги покријат трошоците, а доколку се намали би биле во сигурна загуба.
Домашното производство и онака не е доволно, со ова би се демотивирале земјоделците да произведуваат овошје и зеленчук, велат земјоделците и пазарџиите. Работна сила недостасува и е прескапа. Увозното овошје можно е и да го снема на нашите пазари.
Александра Велинова
