Сточарство

Неповратна помош за плати на овчарите

05.04.2023 08:20

Овчарите и годинава ќе можат да користат субвенции за платите во висина до 100 проценти од месечните нето примањата во оваа дејност. Помошта е предвидена во Програмата за рурален развој зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики. За оваа намена се обезбедени 30 милиони денари...

За чување и пасење на овци, кози и говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височина повисока од 700 метри сточарите можат да добиваат субвенции од државата за зголемување на нивните плати. Поддршката изнесува 100 проценти од просечните месечни нето примања во оваа дејноста во периодот од 1-ви јануари до 31-ви декември 2022 година.

Сточарите кои добитокот го напасуваат на помала надморска височина од 700 метри имаат право на 60 проценти од просечната месечна нето-плата. Помошта е неповратна, а се добива за едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 50 говеда.

Полниот износ го добиваат 10 вработени, а другите со 50 процентно намалување. Бројот на работниците за кои е исплатена поддршката треба да е ист најмалку една година од добивањето на парите. Висината на поддршката по корисник изнесува до 360.000 денари по вработено лице. Оваа мерка се применува неколку години по ред за да се задржат овчарите кои ги има се помалку за чување на македонските стада.

Јавените повици ги објавува Платежната Агенција, а еден корисник може да поднесе најмногу две барања од целата програма.

 

Методија Трајков