Македонија

Од денеска овошја и зеленчуци по поевтини цени

05.04.2023 10:15

Од Државниот пазарен инспекторат најавија дека ќе има контроли и на зелените пазари...

Во трговијата на мало од денеска килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав до 75 денари, килограм леќа до 110 денари, килограм банани до 70 денари, килограм портокали до 55 денари, килограм мандарини до 60 денари и килограм лимони до 55 денари.

Од Државниот пазарен инспекторат најавија дека ќе има контроли и на зелените пазари и посочија дека досега направиле повеќе од 1.800 инспекциски контроли при што во неколку случаи констатирале прекршувања на одлуката за што изрекле глоби во висина од над 2,5 милиони денари. Владата најави дека се анализираат и месните производи.