Животна средина

Почнува имплементација на регионалниот проект за управување со отпад

05.04.2023 13:00

Гранд тежок 55 милиони евра за инфраструктура и изгадба на депонии за црст отпад. Од пет региони, досега, во четири не е превземено ништо во овој сектор, велат надлежните со став дека конечно ќе се воспостави одржливо решение.

Со грант од 55 милиони евра, ќе се градат трансфер станици и регионални депонии во државава. Пари од пакетот шведска поддршка, има и за инфраструктура за управување со цврст отпад. Министерката Шукова го потпиша договорот со Европската банка за обнова и развој. Изјави, време е конечно да се воспостават регионалните системи за управување со отпад. Во четири од пет региони досега не е преземено ништо.

Проектот е од единствена национална, регионална и еколошка важност за Македонија и е идентификуван како национален приоритет за пристапувањето кон Европската унија.

„Со овој проект ќе се опфатат повеќе од 1 милион луѓе, што е повеќе од половина од населението во Македонија, во пет административни региони и 48 општини во државата. Многу сме задоволни што заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање го правиме првиот чекор со проектот за управување со отпад“, Анди Арантаиси, директор на ЕБОР.

Овој проект е првиот национален потфат во секторот управување со цврст отпад во Македонија. Според надлежните, чекор напред кон одржливо решение. Со негова реализација ќе се воведат бараните европски стандарди.

Александра Спировска