Во рудникот Суводол пуштен во употреба нов БТО систем за ископ на јаловина
Рудникот Суводол доби уште еден БТО систем за ископ на јаловина. Системот се подготвувал една година од стари репарирани постројки и делови. Од Рек Битола, велат дека со овој систем ископот на јаловина ќе се зголеми за околу 50 проценти, со што побрзо ќе се стигнува до јагленовите наслаги...

Рудникот Суводол добива на интензитет кога е во прашање ископот на јаловината и побрзото доаѓање до јагленовите наслаги. Со пуштањето во употреба на вториот по ред БТО систем, динамиката на работа се зголемува за 50 проценти. Новината е резултат на одговорниот однос на вработените, кој го подготвуваа една година со стари репарирани постројки и делови.
За раководството на РЕК Битола ова е голем исчекор, бидејќи со сопствени средства и сили се добива еден систем кој вреди околу седум милиони евра од една страна и се намалуваат трошоците и времето јагленовите подински серии да стигнат до депонијата.
Инаку ова е четврти по ред јаловински систем во рудниците на РЕК Битола. Ако се има предвид дека во рудникот Суводол, за експлоатација има уште околу 15 милиони тони јаглен или 10 години работа, овој БТО систем ќе има сериозен придонес.
Александра Максимовска
