Горива

Мазутот поскапува, цената на другите горива останува иста

06.04.2023 13:18

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 3.4.2023 година...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 3.4.2023 година.

Од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат по иста цена, односно 83 денари и 85 денари по литар. ЕУРОДИЗЕЛ останува со цена 72 денари по литар.

Мазутот се зголемува за 1,2 денари, и од вечерва на полноќ ќе изнесува 40,6 денари. Екстра лесното масло останува 71,5 денари по литар.