Македонија
ТЕЦ „Неготино” во седумдесетдневни планирани ремонтни активности
08.04.2023 18:34
Во моментот АД ЕСМ произведува електрична енергија со капацитетите во РЕК Битола, РЕК Осломеј, КОГЕЛ и обновливите извори на енергија...

Во моментот АД ЕСМ произведува електрична енергија со капацитетите во РЕК Битола, РЕК Осломеј, КОГЕЛ и обновливите извори на енергија. Со оглед на топлото време, конзумот се задоволува со наведените капацитети
Производството од ТЕЦ Неготино е запрено од синоќа од 00 ч.
Се создадоа услови за исклучување на ТЕЦ Неготино и вршење сервисни и ремонтни активности кои ќе се ќе се одвиваат во следните 70 дена. Производната цена на ТЕЦ Неготино во моментов е повисока од берзанските цени и нема економска исплатливост да произведува, велат од АД ТЕЦ Неготино.
