Економија

Претставена АДА- прв дигитален асистент во јавниот сектор

10.04.2023 14:46

Промовиран дигиталниот асистент во јавниот сектор. Базиран на вештачката интелигенција, преку АДА компаниите ќе добиваат информации за условите за инвестирање во Македонија и за државната помош. Ќе се забрзаат процесите на давање услуги, велат надлежните…

Претставена АДА- првата дигитална асистентка во јавниот сектор базирана на вештачка интелигенција. Со помош на АДА, компаниите ќе добиваат целосни информации за условите за инвестирање во Македонија и за државната помош. АДА нуди и други информации за финансиска поддршка од стана на државата, а дополнително ќе се надоградува и со други услуги.

Воведувањето на првиот дигитален асистент ќе значи и забрзување на процесите на давање услуги на заинтересираните граѓани и претставници на компании во неограничен број и постојано во текот на 24 часа.

АДА зборува на македонски, албански и англиски јазик. Во моментов може да одговори на над 260 прашања, но оваа бројка ќе се зголемува.

Марија Котовска