ЕСМ Продажба набави 13.440 MWh електрична енергија
ЕСМ Продажба ја набавува оваа електрична енергија со цел да ги исполни договорените обврски кои ги имаме склучено со основни и средни училишта, градинки, јавни претпријатија за водовод, болници и други здравствени установи...
ЕСМ Продажба набави електрична енергија за период на испорака од 9-ти до 16-ти април, преку склучен индивидуален договор со ХСЕ „Мак Енерџи“ ДООЕЛ Скопје, со договорена моќност од 70 MW, количина 13.440 MWh по цена од 106,4 евра/MWh, соопшти претпријатието.
ЕСМ Продажба ја набавува оваа електрична енергија со цел да ги исполни договорените обврски кои ги имаме склучено со основни и средни училишта, градинки, јавни претпријатија за водовод, болници и други здравствени установи, универзитети и факултети и други субјекти од витална важност во државата, велат од компанијата.
Цената по која ЕСМ Продажба ја продава оваа енергија е со маржа со што се остварува дополнителен приход.
