Велес

Нема род ниту откуп на млад кромид од Башино село, до неодамна најголемиот производител во земјава

11.04.2023 09:35

Башино село беше најголемиот одгледувач на млад кромид во земјава. Но ниските цени на овој зеленчук, вработувањето на младите придонесоа многу семејства да се откажат или да ги намалат површините. Така годинава ниту има род, ниту има откуп на млад кромид од ова велешко село…

Невообичаено празно е среде велешко Башино село, каде во овој период, пред Велигден имаше сезонска врева, кога се откупуваше младиот кромид. Само еден откупувач, со полупразен камион и ниту еден одгледувач. Ако ова село беше најголемиот производител на млад кромид во земјава, сега малку од локалните семејствата го работат овој ран зеленчук.

Производителите сметаат дека за некоја година во Башино село ќе се одгледува млад кромид колку да ги задоволи потребите на велешани, но не и пошироко. Пред 30 години зеленчукот од ова село, освен што се пласираше низ Македонија и ги задоволуваше потребите, го имаше на пазарите во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина. Сега се откупува само за Скопје.

Тој помни дека со камионот откупувал по 1,2 илјади снопа, сега околу 240. Ако лани еден сноп со 25 врзопи млад кромид беше 150 денари, годинава е 120 денари. А цените на сите репроматеријали скокнаа неколку пати. Упатените во оваа култура велат дека младиот кромид неколку години се одгледува и откупува од Росоман и Сирково.

 

Петар Печков