ЕСМ: Зголемено производство за 36% во март
АД ЕСМ од јануари до март 2023 произведе 44% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 61,8% повеќе од истиот период во 2021 година.

АД ЕСМ во март годинава во целост го исполни планот за производство, го надмина и оствари 104%. Планот за производство за март беше 458.796 MWh, а произведени се вкупно 474.967 MWh електрична енергија што претставува зголемување во споредба со истиот период лани за 36%.
АД ЕСМ од јануари до март 2023 произведе 44% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 61,8% повеќе од истиот период во 2021 година.
Зголеменото производство на електрична енергија во Државните електрани на Северна Македонија, овозможи ЕСМ Продажба значително да ги намали набавките на струја на берзите. ЕСМ Продажба која набавува електрична енергија за снабдување на болници, училишта, јавни комунални претпријатија, дел од производствените капацитети и останати договорни органи во државата, во март месец оваа година не набави електрична енергија, туку во целост ги задоволи сите субјекти од домашното производство на АД ЕСМ- стои во соопштението.
