Субвенции за пчелни матици
Пчеларите кои инвестирале во набавка на пчелни матици во период од 1 јануари до 31 декември 2022 година, можат да поднесат барање за субвенции. Огласот ќе трае до 15-ти април, а финансиската поддршка изнесува до 600 илјади денари по корисник...

До 15-ти април, пчеларите ќе може електронски да аплицираат за финансирање на набавка на пчелни матици. Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу до 600 илјади денари по корисник.
Барања ќе можат да поднесуваат сите оние кои набавиле матици во приодот од 1-ви јануари до 31-ви декември 2022 година, а право на користење на средствата од оваа мерка имаат земјоделците кои се запишани во регистарот на земјоделски стопанства.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и исполнувањето на другите барани услови.Секој потенцијален корисник може да поднесе едно барање или две за мерките кои се ко-финансираат од Програмата за рурален развој.
Аплицирањето е по електронски пат, а пчеларите може да побараат помош во подрачните единици на Министерството.
Пчеларите кои ги исполнуваат условите се рангираат според правилник, а оние со ист број на бодови според датумот и времето на поднесеното електронско барање.
Методија Трајков
