Битиќи: Со инвестиции во алтернативниот туризам Македонија се поставува на мапата на атрактивни туристички дестинации
Битиќи рече дека програмата за поддршка на локалната и регионална конкурентност во туризмот, содржи 3 компоненти, техничка поддршка за развој на туризмот, подобрување на менаџментот на дестинациите и подобрување на околината и инвестирање во туристичките дестинации...

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на настанот на кој беа претставени успешните проекти поддржани во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност.
Битиќи рече дека програмата за поддршка на локалната и регионална конкурентност во туризмот, содржи 3 компоненти, техничка поддршка за развој на туризмот, подобрување на менаџментот на дестинациите и подобрување на околината и инвестирање во туристичките дестинации со вкупна вредност на буџетот за реализација која изнесува 23,9 милиони евра.
„Ние го препознаваме селскиот, авантуристичкиот, винскиот и алтернативниот туризам како една изворедна можност за нашите граѓани, бидејки Северна Македонија има што да понуди, и токму тука ќе се фокусираме да изградиме здрава стратегија за развој на оваа стопанска гранка“, изјави Битиќи и констатираше дека бенефиците за македонската економија од инвестициите направени во рамки на Проектот се повеќекратни, зголемување на бројот на туристите, локални, и туристи од целиот свет, ова пак резултира со потреба за нови работни места, нови можности за развој и поголеми приходи за нашата економија.
Заменик- шефот на мисијата на Европската Унија во Скопје, Јулиан Васало истакна дека Европската Унија стои на располагање и има улога да и помогне на Северна Македонија да ги сподели со светот своите вредности и за развојот на туризмот.
