Пазарниот инспекторат на терен, регистрирани повеќе прекршоци
Извршиле 650 надзори и контроли и регистрирале прекршување кај 22 економски субјекти, коишто се санкционирани со парична казна над 1.300.000 денари...

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат извршиле 650 надзори и контроли и регистрирале прекршување кај 22 економски субјекти, коишто се санкционирани со парична казна над 1.300.000 денари.
Државниот пазарен инспекторат донесе одлука за највисоката цена на одделни производи во трговијата на мало по измените на владината одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот.
Спиоред испекторатот, цената на килограм леќа не смее да биде повисока од 110 денари. На свежи зелени пиперки до 100 денари. На килограм домати, краставици и грав до 95 денари, на килограм банани до 75 денари, на килограм кромид до 70 денари, на килограм мандарини до 65 денари и на килограм лимони и портокали до 60 денари.
