Ако расте само минималната плата, компаниите и институциите се соочуваат со „Бел штрајк“
Платите и во приватниот и во јавниот сектор треба да го следат порастот на минималната плата. Во спротивно ќе се губат квалитетни работници, што во услови на недостиг на работна сила не смее да се дозволи. Процентуалното покачување на платите е најдобро, но во услови на криза се практикува линеарното зголемување, велат од приватниот сектор...

Порастот на минималната плата без усогласување на платите на сите вработени може да има погубен ефект во компаниите и институциите. Мотивацијата кај голем дел од вработените опаѓа кога трудот не се вреднува според работните обврски и кога најголем дел од вработените имаат плата која гравитира кон минималната. Економскиот израз за оваа состојба е „Бел штрајк“, работникот ги извршува само најнеопходните работи.
Од приватниот сектор велат дека компаниите се трудат да ја задржат разликата меѓу платите, со цел да ги задржат работниците.
Минималната плата од март е 20.175 денари и согласно законот за минимална плата секоја година во март ќе се врши усогласување според трошоците за живот и порастот на просечната плата.
Славица Величковска
