Тетово

Во тетовско намален интересот за земјоделие

16.04.2023 16:40

Во тетовско се повеќе земјоделски површини се пренаменуваат во градежни парцели. Со оваа дејност ретко кој сака да се занимава, особено младите. Резултатот е екстремно високи цени на земјоделските производи, поради намалување на домашното производство...

Земјоделските површини во тетовско се повеќе исчезнуваат. Семејни куќи и фабрики на обработливи површини.

Состојбата е загрижувачка, вели земјоделецот Мемет Синани од тетовско Камењане. Со оваа дејност веќе никој не сака да занимава оти е нерентабилна и ризична, а државата сосема не заборави. Тоа што ќе го произведеме не знаеме дали ќе го продадеме, цените за препарати се искачија до плафон.

„Кога ние работиме со загуба и кога производната цена е поголема од продажната, тогаш државата е должна да му ги рефундира средствата од 25%, но тоа никогаш не се случило и оттаму нема одговор конкретен, само велат ќе биде“, вели Мемет Синани, земјоделец.

Новите правила за добивање на субвенции е нереално да се исполнат. Се бараат фискални сметки од земјоделците кои ги продаваат производите на пазар, каде нема фискализација.

„Зошто и се откажуваат. Во Општина Боговиње од каде сум јас има некаде 30.000 жители и од нив 5.000 до 6.000 се земјоделци, но се повеќе се откажуваат. На пример картичките за нафта се пуштени во цела општина само за 187 земјоделци, каде се другите. Затоа младите одбегнуваат да се занимаваат со земјоделието и ги оставаат нивите така“вели Синани.

На крај резултатот е екстремно високи цени на земјоделските производи поради намалување на домашното производство. Решението вели е во отворање на откупни центри и пред сè загарантиран пласман.

 

Зоран Димовски