Енергетика

Во изминатото деноноќие произведени се 11.104 MWh електрична енергија

20.04.2023 10:24

Во Термоелектраните произведени се 5.903 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.201 MWh...

АД ЕСМ на 19.04.2023 година произведе 11.104 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти.

Во Термоелектраните произведени се 5.903 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.201 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.400 MWh електрична енергија, соопшти владината прес-служба.