Економија

Субвенции од државата за домаќинствата кои ќе користат обновливи извори на енергија

20.04.2023 12:23

Со 70 милиони денари од државната каса ќе се поттикнува примената на обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност кај семејствата . За поставување на ПВЦ прозори, ќе има поврат на средства до 50 отсто односно не повеќе од 20.000 денари, за 25 милиони денари ќе бидат дадени на 1.200 домаќинства...

Со 70 милиони денари од државната каса ќе се поттикнува примената на обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност кај семејствата . За поставување на ПВЦ прозори, ќе има поврат на средства до 50 отсто односно не повеќе од 20.000 денари, за 25 милиони денари ќе бидат дадени на 1.200 домаќинства.

За сончеви колектори предвидени се 15 милиони денари, со 30 насто ќе се кофинансираат 1.000 домаќинства до 30 насто од инвестицијата. Пари има и за поддршка на граѓаните за купување и инсталирање на фотоволтаици до шест киловати секое домаќинство може да добие до 80.000 денари поврат на вложените средства.