Санкции за непочитување на ограничените цени
Ќе има мерки за непочитување на ограничените цени. Следната недела надлежните институции ќе ги откријат трговците увозници на овошје и зеленчук, кои и направиле штета на државата, вели министерот Бектеши. Се уште нема мерка, но владата ќе постапува според препораките на ЕУ во врска со увозот на жито од Украина, велат од економија...

По потегот на дел од Европските земји за забрана на увоз на жито и друга храна од Украина поради високите цени, државава нема донесено мерки, но ќе постапува според одлуките на Европската унија, потврди министерот за економија. Но Бектеши не одрекува увоз на украински житарки ако има добра цена за трговците, за да се покријат потребите на домашниот пазар.
Во реакциите во јавноста дека замрзнувањето на цените нема ефект врз животниот стандард, а во маркетите речиси и да го нема зеленчукот и овошјето со ограничени цени, Бектеши вели одговорност ќе има, следната недела ќе бидат објавени компаниите. По извештајот на Државниот пазарен инспекторат вели може да има и клуч на врата за дел од оние кои не ја почитуваат мерката, според првичните информациите увозници на земјоделски производи што покриваат над 80 насто од пазарот.
Владата прво ќе ги расчистува ситуациите со мерката замрзнато овошје и зеленчук па потоа ќе решава дали ќе ги ограничи и цените на свежото месо кои во текот на празниците добија повисоки цени.
Сузана Фиданска Стоевска
