Народна банка

Усвоена е Стратегијата за регулаторите за финтек-секторот

24.04.2023 12:25

Стратегијата за регулаторите за финтек-секторот се однесува на регулаторните аспекти поврзани со трансформацијата на финансискиот систем предводена од финтек-секторот. Во неа се содржат препораки за регулаторите при што за нивно успешно спроведување, неопходен е координиран пристап на регулаторите и соодветен механизам за надзор...

Комитетот за поддршка на развојот на иновациите во финансискиот систем во Република Северна Македонија (Комитетот за финтек-секторот) ја усвои Стратегијата за регулаторите за финтек-секторот, којашто има за цел да обезбеди услови за поддршка на иновациите во областа на финансиите, притоа имајќи ја предвид заштитата на потрошувачите и инвеститорите и стабилноста на финансискиот систем, информираат од Народната банка.

Стратегијата за регулаторите за финтек-секторот се однесува на регулаторните аспекти поврзани со трансформацијата на финансискиот систем предводена од финтек-секторот. Во неа се содржат препораки за регулаторите при што за нивно успешно спроведување, неопходен е координиран пристап на регулаторите и соодветен механизам за надзор на спроведувањето на препораките од Стратегијата за регулаторите за финтек-секторот.

Усвоениот стратегиски документ го трасира патот за ползување на придобивките од развојот на иновациите на финансиите, коишто се повеќекратни. Според Извештајот на Експертската група на ЕУ за регулативните пречки поврзани со финансиските иновации (РОФИЕГ), развојот на иновациите во сферата на финансиите може да донесе пониски цени на финансиските услуги, поширока лепеза производи и услуги, поголем избор на потрошувачите и компаниите, подобри можности за финансирање, поефикасна регулатива и усогласеност со најдобрите меѓународни практики.

Финтек- Стратегијата за регулаторите за финтек-секторот ќе придонесе кон флексибилност и отвореност за промена на регулативната рамка заради поттикнување конкуренција во интерес на потрошувачите и кон натамошно зголемување на отпорноста и стабилноста на финансискиот систем. Користењето иновативни финтек-решенија ќе доведе до повисока оперативна ефикасност, подобро управување со ризикот и подобра регулативна усогласеност на финансиските институции, велат од централната банка.