Ковачевски:Го зголемивме домашното производството на струја во услови на светска криза
Премиерот Димитар Ковачевски во РЕК Битола, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, со генералниот директор на ЕСМ, Васко Стафанов, со вработените со директорите, раководителите на енергетските капацитети и со сите членови на економско енергетски совет го означи крајот на грејната сезона за оваа година...

Премиерот Димитар Ковачевски во РЕК Битола, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, со генералниот директор на ЕСМ, Васко Стафанов, со вработените со директорите, раководителите на енергетските капацитети и со сите членови на економско енергетски совет го означи крајот на грејната сезона за оваа година. На настанот беа доделени благодарници за вработените кои неуморно работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна.
Премиерот Ковачевски истакна дека во услови на светска криза го зголемивме домашно производство и ЕСМ наместо законски предвидените 60% производство на електрична енергија, во целост, односно 100% обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи.
