Национална федерација на фармери бара забрана за увоз на пченица
Пласманот, ниските откупни цени, климатските промени се главните проблеми со кои се соочуваат земјоделците. Националната федерација на фармери одржа редовна седница на Годишно собрание. Тие бараат од Министерството да се забрани увоз на пченица за да се откупи домашната. Од Федерацијата велат дека една од поважните работи кои ги издејствувале е за жените земјоделки да можат да го остварат правото на мајчинство...

Националната федерација на фармери бара забрана за увоз на пченица. Оттаму тврдат дека огромни домашни количини стојат неоткупени, а државата увезува странска пченица за стоковите резерви по цена од 28 денари, за 10 денари поскапа од нашата.
Земјоделците се пожалија и дека иако сеидбата е во тек, 30 проценти од авансот за субвенции не им е исплатен.
Министерот Николовски не застана пред новинарите да ги прокоментира тврдењата на фармерите. Тој од говорницата рече дека спроведуваат голема земјоделска реформа со нов модел за субвенционирање и позначителна поддршка за земјоделците.
За Федерацијата, важен чекор напред е жените земјоделки да можат да го остварат правото на мајчинство.
Пласманот, ниските откупни цени, климатските промени се главните проблеми со кои се соочуваат земјоделците.
Ана Јосифовска Тодоровска
