Контроли на увозници на овошје и зеленчук на Кванташки пазар во Скопје
На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот...

На Кванташки пазар Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.
Акцијата во тек на целиот ден со што ДПИ ќе излезе со информација за исходот.
Согласно Законот за трговија, казните за увозниците, зависно од нивната големина, доколку се утврди непочитување на владините одлуки, се движат 800 до 10.000 евра, додека за нерегистрирана дејност покрај паричната казна е предвидено и одземање на стоката.
