Економија
Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан
25.04.2023 09:34
Извештајот ќе го претстават Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан и Јоана Маџоска, економист во Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија...

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“.
Извештајот ќе го претстават Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан и Јоана Маџоска, економист во Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија, а преку видео линк ќе се обрати Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија.
