Економија

Владата го продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните производи

25.04.2023 19:34

Владата го продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, во кои е вклучено и маслото за јадење до 30 јуни. Од Министерството за економија, велат дека состојбата на пазарот укажува дека цените сè уште не се стабилизирани...

Oсновните прехранбени производи со ограничени трговски маржи ќе се продаваат до 30 јуни – одлучи Владата. Со оваа одлука, највисоката трговска маржа за бел леб, шеќер и сончогледово масло за јадење се утврдува во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица, макарони и шпагети, македонски ориз, трајно кравјо млеко, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и мало.

Владата, претходно донесе и одлука за највисоки цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз, која ќе се применува до 30 април.

 

 

 

 

Андријана Ѓурческа