Македонија 2025: Напредокот е бавен, но важно е да не одиме назад
Сите имаме одговорност за постигнување поквалитетен живот. Напредокот е бавен, но важно е да не одиме назад – пораки од самитот „Македонија 2025“. Од Владата со став, создадовме интегрирана држава, пример за перспективна економија. На самитот учество на 400 врвни експерти, стопанственици и лидери…

Во период на домашни и надворешни поделби, со ниска стапка на раст, висока инфлација во тешкиот кризен период со економски и геополитички предизвици, потребно е сите да преземеме одговорност за да се постигне долгорочен развој и животен стандард како во Европската унија. Не е важно дали одиме лево или десно, важно е дали одиме напред или назад-ова е пораката од отворањето на Самитот „Македонија 2025“.
Имаме напредок во пола од економските индикатори. Од изолирана држава без иднина создадовме пример на земја со просперитетна економија, премиерот Ковачевски се пофали за владините политики и проекти пред 400 врвни експерти, бизнисмени, лидери.
Ако не преземете одговорност за тоа што го правите-тогаш не сте инвестирале во играта, потребно е владеење на правото на слобода на пазарот на вработување, порачаа дел од експертите со видни резултати во својата кариера. Порачаа-стојте на својот став и светот ќе дојде кај вас.
Како до просперитетни економии, преку општествена трансформација до стратешко лидерство. И годинава „Македонија 2025“ ќе ги плете приказните за успесите и искуствата на врвните лидерите од различни економски сфери подготвени своите знаења да ги споделат преку заедничка платформа.
Сузана Фиданска Стоевска
