Научен симпозиум „Ден на денарот“

Стабилноста на девизниот курс на денарот е основа за економски развој

26.04.2023 13:57

Денарот е стабилна валута со фиксен девизен режим. Целите на монетарната политика се реализираат, а Народна банка презема мерки за надминување на актуелните економски глобални предизвици. Ова е заклучок од симпозиумот на Универзитетот „Гоце Делчев“ на годишнината од монетарната независност на Македонија…

На годишнината од монетарното осамостојување, може да констатираме дека имаме стабилна валута и во услови на рецесија и зголемена инфлација, сметаат експертите. Народната банка има инструменти за одржување на стабилноста на денарот и контролирање на инфлацијата.

Стабилноста на девизниот курс на денарот е основа на нашиот економски развој и секое размислување за измени на овој план може да биде погубно за македонската економија, бидејќи сме увозно зависни и имаме голем надворешен долг.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ се одржа научен симпозиум „Ден на денарот“ посветен на годишнината од монетарната самостојност на државата.

Славица Величковска