Oсми Делфи економски форум во Грција
Заменик-министерот Николоски ќе дискутира за зајакнувањето на иницијативата Отворен Балкан, извршниот директор на Номагас за енергетската безбедност, додека пак поранешниот премиер Заев ќе учествува на панел дискусија за енергетиката заедно со надлежниот грчки министер Скрекас и бугарскиот вицепремиер Пеканов...

Заменик-министерот Николоски ќе дискутира за зајакнувањето на иницијативата Отворен Балкан, извршниот директор на Номагас за енергетската безбедност, додека пак поранешниот премиер Заев ќе учествува на панел дискусија за енергетиката заедно со надлежниот грчки министер Скрекас и бугарскиот вицепремиер Пеканов.
Голем дел од дискусиите во текот на денешниот ден се посветени на регионот, а во попладневните часови ќе учествуваат и претседателите на Кипар и Бугарија, како и премиерите на Албанија, Косово и домаќинот Грција.
Осмиот економски форум насловен „Paradigm Shifts“ што традиционално се одржува во грчкиот планински град со античко значење Делфи, започна во средата и ќе трае до утре, а е под покровителство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу.
