Хрватска компанија за 9,5 милиони евра ја презема печатницата „Киро Дандаро“
Ова е најдобрата опција за вработените, вели директорот Милошоски, во телефонската изјава за МРТ. САТО е компанија која доаѓа со големи амбиции и најавува работење на „Киро Дандаро“ со нови подобрени инвестиции.

Речиси една година траеле преговорите со хрватската компанија САТО за преземање на печатницата „Киро Дандаро“ од Битола. Постигната е и цената, околу 9,5 милиони евра.
На Македонската берза објавено е дека се преземаат 442.055 акции со 1.290 денари цена по акција. Вкупната сума е 570.250.950 денари, што опфаќа 91,16 отсто од основната главнина. Претходно САТО, ја извести во март Комисијата за заштита на конкуренцијата дека се стекнува со самостојна контрола над „Киро Дандаро“.
Ова е најдобрата опција за вработените, вели директорот Милошоски, во телефонска изјава за МРТ. САТО е компанија која доаѓа со големи амбиции и најавува работење на „Киро Дандаро“ со нови подобрени инвестиции.
Во фирмата последниве години е печатен материјалот за изборите во земјава.
