Поголема контрола на трговците, во маркетите недостасуваат производи
Само неколку трговски субјекти во тетовско се казнети, за непочитување на владината одлука за замрзнување на цените на одредени видови овошје и зеленчук. Граѓаните велат дека во одредени маркети недостасуваат одредени производи. Бараат замрзнувањето на цените да се прошири и на други артикли, кои се нереално прескапи…

Цените од ден на ден се сè поскапи, а „замрзнатите производи“ во одредени маркети ги нема, велат тетовци. Треба поголема контрола и на другите трговски производи, чии цени не се реални. И оваа скапотија одредени субјекти ја злоупотребуваат.
За разлика од маркетите, тетовскиот пазар е снабден со сите производи. Но, таму нема замрзнати цени, оти потешко е да се регулира одредбата, каде нема ниту фискални каси.
Од Пазарната инспекција, велат дека немаат имаат изречено казни за субјектите кои продаваат на пазар. Досега се казнети само неколку маркети, кај кои недостасувале одредени производи.
Владата во петокот донесе одлука со која се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски цени, од 30-ти април, до 31-ви мај годинава, на одреден дел од овошјето и зеленчукот.
Зоран Димовски
