Николоски: Повеќе права и активирање на работната сила
Македонскиот пазар на трудот има стагнација. Потребни се зацврстување на работничките права и активирање на работната сила за конкурентност на македонскиот пазар на труд…

Пандемијата, енергетската криза, и војната во Украина доведоа до стагнација на македонскиот пазар на трудот. Пазарот бележи ниска активност на работната сила, смета универзитетскиот професор Димитар Николоски.
Неделата како неработен ден, зголемувањето на минималната плата ги придвижуваат работничките права, но за да се компензира влијанието на инфлацијата потребни се владините антиинфлациски мерки и номиналниот пораст на платите. Недостигот од работна рака треба да се надмине не со увоз, туку со активирање на ранливите категории на пазарот на трудот. Многу е битно донесувањето на Законот за работни односи.
Македонскиот пазар на трудот треба да ја надмине ниската активност на работната сила.
Елизабета Митреска
