Штип

Менторска поддршка за македонски стартап компании од експерти од Швајцарија

02.05.2023 13:10

Универзитетот „Гоце Делчев“ и швајцарскиот универзитет „Луцерн“ развиваат менторска програма за поддршка на стартап компании, мали и средни претпријатија. Соработката меѓу универзитетите и бизнис заедницата е помогната и од Амбасадата на Швајцарија...

Четириесеттина професори и магистранти од Универзитетот „Луцерн“ од Швајцарија неколку месеци работат како ментори на девер стартап компании од источниот регион. Во проектот се вклучени и студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“.

„Камп – градинка во природа“ е стартап компанија која очекува помош во доразвивање на бизнис идејата.

Швајцарската амбасада во Македонија поддржува трансфер на знаења и квалитетно образование. Швајцарскиот универзитет „Луцерн“ неколку години соработува и со УКИМ, а менторство на стартап компании најавува и во идниот период.

Славица Величковска