Овоштарство

Пари за подигнување нови лози и овошни насади

05.05.2023 08:10

Почна пријавувањето за субвенции за нови лозови и овошни насади. Поднесувањето на барањата ќе трае од крајот на овој месец, а земјоделците кои инвестирале во ова производство ќе добиваат до 600.000 денари финансиска поддршка…

До 31-ви мај лозарите и овоштарите ќе можат да аплицираат за финансирање на нови насади како и за насади со ароматични и медоносни растенија подигнати во периодот од 1 април 2022 до 30 април 2023 година. Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност дали се работи за млад земјоделец и дали овоштарникот или медоносните насади се наоѓаат во земјоделски неразвиено подрачје.

Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци кои пред поднесување на барањето ги платиле сите обврски кон Платежната агенција и Министерството за земјоделство. Аплицирањето е по електронски пат, со доставување на документи кои ги докажуваат направените прифатливи трошоци, а максималната вредност која може да се добие е до 600 илјади денари по корисник.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу по две барања од целата Програма за рурален развој.

Барателите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на аплицирањето. Рокот за пријавување истекува на 31-ви мај 2023 година.

 

Методија Трајков