Владата усвои пет нови законски измени за изградба на коридорите 8 и 10-д
Повеќе нема време за чекање и калкулации. Владата ја обвини опозицијата за блокада на стратешките коридори 8 и 10-д. Усвои пет предлог-законски измени, кои со европско знаменце ќе ги прати во Собрание. Од „Илинденска“ тврдат дека на овој начин не се заобиколува процедурата, туку ќе се забрза реализацијата на стратешкиот проект. Надежните тврдат дека работниците нема да бидат експлоатирани, туку, расположливата сила прекувремено ќе биде ангажирана само кога условите тоа ќе го дозволуваат, а секој работник сам ќе одбере дали сака да работи прекувремено...

Нови пет измени на закони за изградба на четирите автопатски делници, владин предлог со европско знаменце, ќе се најдат пред народните избраници. Со ставот дека Европската унија ги додаде на мапата на коридори и реализацијата ќе биде поевтина и побрза, потег по скратена постапка да се избегне блокадата на предложените во парламентот. Артан Груби тврди – не се на барање на Бехтел и Енка. Ја обвинува опозицијата дека со политичка агенда во заложништво става дополнителни 150 милиони евра поскап проект и две години подолга реализација. Тврди – рокови и клаузула за плаќање пенали нема.
Ќе се менуваат Законот за работни односи, за урбанистичко планирање, за градба. Изведувачот во исто време ќе може да проектира и да гради, а во процесот на експропријација надомест нема да има за дивоизградени станбени објекти што не се во процес на легализација. Министрите тврдат нема заобиколување на постапките, ниту скратување на фазите, велат се намалуваат само роковите.
Владата уверува дека трудот на терен над 40 часа дополнително ќе се плаќа, дали ќе се ангажира прекувремено работникот писмено ќе одлучи.
Во присуство на речиси цел економски владин тим и повеќемина директори, јавноста и медиумите добија извинување од Првиот вицепремиер Груби, вели ненамерно во целост не успеал јасно да го претстави потпишаниот договор со „Бехтел и Енка“.
Сузана Фиданска Стоевска
