Институциите во Штип во борба за енергетска независност
Со електрична енергија од фотоволтаици и со економично загревање, Универзитетот „Гоце Делчев“ има за цел да обезбеди целосна енергетска независност. Локалната власт во Штип планира со јавно-приватно партнерство да добие повластена цена на електрична енергија од фотоволтаици поставени на општинско земјиште...

Кровните конструкции на институциите под локалната самоуправа во Штип од почетокот на енергетската криза се анализираат како локации за поставување на фотоволтаични панели. Изработени се елаборати за фотоволтаици на општинската зграда, филтер станицата и Основното Училиште „Ванчо Прќе“, за кои средства ќе се бараат од Центарот за развој на источно планскиот регион
Елаборати за фотоволтаици изработи и Универзитетот „Гоце Делчев“, но и по два тендери, изведувач не е избран
Наредната година ќе се постават фотоволтаици и на кампус два, а во меѓувреме Универзитетот заштеда на електрична енергија планира со загревање на просториите со систем базиран на топлотни пумпи.
Славица Величковска
