Јавен повик од ИПАРД програмата
Сите заинтересирани компании за користење на парите од ИПАРД програмата може да ги подготвуваат документите за пријавување на повикот кој треба да се објави идниот месец. Барањата можат да се поднесат за поддршка на инвестициите во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба. Кофинансирањето е 50 проценти од вложените средства...

Платежната агенција во јуни треба да го објави ИПАРД огласот за поддршка за инвестиции во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба. Прифатливи за кофинансирање се 50 проценти од трошоците за набавка на опрема и услуги, без вложувањата за градежни работи. Прифатливи инвестиции се и набавката на опрема за производство на енергија од обновливи извори и поставување или инсталирање на фотонапонски панели. Потребната документација за подготовка и поднесување на барањата ќе биде објавени на веб-страницата на Агенцијата до објавување на огласот.
Бидејќи се работи за повик од ИПАРД 2 програмата, крајниот рок за реализација на инвестициите e до 30 мај 2024 година, а поднесувањето на барањата за исплата трае до 30 јуни 2024 година.
Целта на ИПАРД Програмата е преку соодветни мерки да се подобри конкурентноста на земјоделското и производството на храна, усогласување со стандардите на Европската унија како и економскиот развој на руралните средини.
Матодија Трајков
