Синдикална потрошувачка кошничка

Минималните трошоци во април 49.384 денари

09.05.2023 10:48

Најмногу пари или 19.224 денари биле потребни за храна и пијалоци, како и за режиски трошоци - 13.423 денари, соопштуваат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка.

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари. Најмногу пари или 19.224 денари биле потребни за храна и пијалоци, како и за режиски трошоци - 13.423 денари, соопштуваат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка.

И покрај сите мерки на Владата, трошоците за храна и пијалоци за само една година се зголемени за 2.766 денари, а во 2023 година ниту еднаш не е намалена вредноста на храна и пијалоци во делот на Синдикалната минимална кошница, што покажува дека функционерите си го гледаат само нивниот интерес и знаејќи го овој факт си ги зголемија нивните плати за 2.000 денари дневно или за 78 проценти месечно, велат од ССМ.

Од Сојузот на синдикати нагласуваат дека еден функционер со неговата плата покрива три синдикални минимални кошнички, а еден работник со две и пол минимални плати не може да ја покрие потрошувачката кошничка.