Македонија

Азески: Потребен е национален консензус за извозот

09.05.2023 15:40

Само 5 проценти од македонските компании извезуваат, тоа е поразителна бројка, потребен е национален консензус за извозот, порача претседателот на Стопанската комора Азески. Посочи и дека мал број на домашни фирми се вклучени во ланците за снабдување на странските инвеститори. Според него сериозен проблем е и инфлацијата. Вели дека само 440 производи се со компаративни предности и порача дека тоа е една од целите која треба да се надоградува...

Извезуваат само пет проценти од македонските компании, да се постигне национален консензус за извозот вели првиот човек на Националниот совет за извоз и на Стопанската комора. Според Азески тоа е поразителна бројка. Истакна дека промената на оваа состојба е првата и основна задача на националниот совет за извоз. Соопшти и дека само 440 производи се со компаративни предности и порача дека тоа е една од целите која треба да се надоградува.

Многу мал број фирми во нашата држава се вклучени во ланците за снабдување на странските инвеститори. Тоа е наша одамнешна активност што треба да добие на интензитет, посочи Азески. За да се инвестира во извозот потребно е сите да придонесуваат во стабилноста на бизнис климата, велат од странските компании.

Азески предупреди и за инфлацијата. Вели во најголем дел е увозна и треба будно да се следи. Порача дека на бизнисот му треба учество во конципирањето на законите, а не во електронскиот национален регистар на прописи.

 

 

 

 

Ана Јосифоска Тодоровска