Штип

Канадската „Магна Интернационал“ почна со изградба на фабрика во ТИРЗ зоната во Штип

11.05.2023 14:18

ТИРЗ зоните се моторот на нашата економија, истакна премиерот Ковачевски на стартот на градежните работи на „Магна Мехатроникс“ во ТИРЗ зоната во Штип. Во ТИРЗ зоните во државата работат 16.800 лица, а само во април компаниите од ТИРЗ зоните реализирале извоз од 277 милиони евра. Во време на глобални предизвици државата постигнала договори за над 850 милиони евра странски инвестиции...

Во ТИРЗ зоната во Штип почнаа градежните работи за инвестицискиот проект на компанијата „Магна Мехатроникс“. Со инвестиција од 40 милиони евра до крајот на годината ќе се изгради фабрика за производство на електро-механички делови за автомобили.

Првично ќе се вработат 600 лица, а просечната плата ќе биде 850 евра.

Канадската групација има фабрики во 22 држави во светот и вработува повеќе од 170.000 луѓе. „Магна Интерационал“ веќе има отворено објект во Струга за креирање и склопување на ретровизори.

 

 

Славица Величковска