Македонија

Бесими препорачува зголемувањето на платите во јавниот сектор да се имплементира од 2024-та година

15.05.2023 12:45

Според него, платите во јавниот сектор треба да растат ако расте продуктивноста и ако се зголемат платите во реалниот сектор...

Зголемувањето на платите во јавниот сектор да се имплементира од 2024-та година, порача министерот за финансии Бесими. Според него, платите во јавниот сектор треба да растат ако расте продуктивноста и ако се зголемат платите во реалниот сектор.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска потврди дека за април 2023-та година му е исплатена плата повисока за 78 отсто, согласно одлуката на Уставниот суд. Како што информира на денешната средба со новинарите, досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.

Информира дека зголемена плата за 78 отсто им се исплаќа на 1.060 функционери и дека за таа намена, до крајот на годинава од Буџетот ќе се потрошат дополнителни 960 милиони денари.