Инвестиции

Прв оглас за бизнис план

16.05.2023 08:53

Објавен е јавниот повик за бизнис план во земјоделството. ова е прв повик, кој континуирано ќе се повторува секој месец до крајот на годинава. земјоделците ќе можат да аплицираат кога ќе бидат подготвени и без да чекаат да го модернизираат производството со нова опрема, за која ќе одлучат дека им е најпотребна...

Објавен е повикот за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства кој ќе се повторува секој месец до крајот на годината. Максимална вредност на прифатливи трошоци е до 10.000 евра по поединечен корисник.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на земјоделска механизација, пчеларска опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна, опрема за навигација и Смарт земјоделство, машини за разбивање на мраз, инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, опрема за производство на тутун, хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки од Програмата за руралниот развој.

Барателите треба да креираат електронско барање и да го достават до платежната агенција.

Условите кои треба да ги исполнуваат за приклучна механизација се производствен капацитет од минимум 2 хектари и половина хектар за зеленчук на отворено и за тутун. За инвестиции во мандри, пак, минимум 150 овци или 50 кози. Земјоделците кои ги исполниле условите се рангираат со бодување, а апликациите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување.

Крајниот рок за доставување на барањата е од 10 јуни.

 

 

Методија Трајков