Статистика
Повеќе договорени и извршени градежни работи во странство
16.05.2023 09:32
Во периодот јануари – март 2023 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 147.965.000 денари, што е за 12,5 % повеќе...

Во периодот јануари – март 2023 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 147.965.000 денари, што е за 12,5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година, соопштува Државниот завод за статистика.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 44.338.000 денари, што е за 39,5 % повеќе во споредба со истиот период лани.
