Битиќи пред бизнис заедницата на Финска

17.05.2023 14:26

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на отворањето на Бизнис форумот „Северна Македонија-Финска“ со кој се одбележува јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Финска...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на отворањето на Бизнис форумот „Северна Македонија-Финска“ со кој се одбележува јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Финска.

Во неговото обраќање пред амбасадорот на Република Финска, Кимо Ладеверта, почесниот конзул на Финска, Светозар Јаневски, потпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Зоран Јаневски, и претставниците и претставничките на бизнис заедницата на двете земји. Вицепремиерот Битиќи рече дека одбележувањето на 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Финска зборува за високо ниво на меѓусебна политичка доверба и разбирање, без отворени прашања или билатерални проблеми, кои може да се стават во функција на понатамошно унапредување и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, со посебен акцент на инвестициите.

За вицепремиерот Битиќи, поттикот на интерес за реализација на инвестиции во нашата земја може да ги интензивира економските врски и да создаде можности за заемно корисни партнерства помеѓу бизнис заедниците во двете земји.

Вицепремиерот Битиќи во неговото обраќање се осврна и на националните цели на Северна Македонија во привлекувањето на нови странски инвестиции преку нивно поддржување во развивањето на деловни односи со домашни компании, поради што преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции се обезбедува финансиска поддршка за воспоставување и унапредување на соработката со добавувачи од нашата земја.

Вицепремиерот Битиќи подвлече дека во делот на градење на стабилно и правно втемелено деловно опкружување за нови инвестиции, Северна Македонија оди чекор напред со обезбедување на дополнителни меѓународно правни механизми на бизнис секторот.

За вицепремиерот Битиќи, конкурентните трошоци за работна сила, ниските даноци и стимулативните политики за странски инвестиции, нашата земја ја поставија на високо место на мапата на пожелни месата за инвестирање, и според последното годишно рангирање на Светската банка, економијата на Северна Македонија е рангирана како 17 од 190 економии во светот во однос на леснотијата на водење на бизнис.

На крајот во својот говор, вицепремиерот Битиќи го искажа своето уверување дека овој Бизнис форум ќе создаде шанса, преку дијалог помеѓу претставниците на двете стопанства, да се разменат искуства, но и да се споделат вредности кои се од особено значење за одржливиот раст и развој на економиите во 21 век.