МЛС

Пенов: Данокот на имот е многу важна локална надлежност, има општини коишто покажуваат одлични резултати

18.05.2023 14:01

Пенов посочи дека Владата, со конкретни мерки го подобри системот на финансирање на локалната самоуправа, зголемени се приходите од данокот на додадена вредност и од персоналниот данок, а со новиот начин на распределба на средствата преку инструментите за перформанси и за еквилизација, се обезбедува поправедна дистрибуција на средствата...

Колку е важно ангажирањето на локалните власти и на локалната администрација покажува примерот со општина Кавадарци, наплатата на данок на имот ја има зголемено за 100%. Општините Велес, Врапчиште, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Илинден, Кавадарци, Кратово, Македонска Каменица, Могила, Свети Николе, Старо Нагоричане, Студеничани, Центар Жупа и Штип, исто така имаат добри резултати во однос на ажурирањето на податоците, што резултира и со зголемена ефикасност на наплата на даноците, а во општина Арачиново се зајакнуваат капацитетите на организациската единица за администрирање со даноци, со што се исполнети условите за извршување на надлежноста, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на чинот на презентирање на резултатите од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите „Партнерство за поефикасни општини“.

Тој потенцираше дека сите општини вклучени во првата фаза на проектот ја имаат зголемено стапката на наплата на данокот на имот во просек за 34.5%, што придонесува за зголемување на стапката на наплата на сопствените приходи за околу 25%.

Пенов посочи дека Владата, со конкретни мерки го подобри системот на финансирање на локалната самоуправа, зголемени се приходите од данокот на додадена вредност и од персоналниот данок, а со новиот начин на распределба на средствата преку инструментите за перформанси и за еквилизација, се обезбедува поправедна дистрибуција на средствата.

Најмногу даночни приходи, или 51% се остваруваат во градот Скопје со општините, а најмалку во руралните општини, само 8% од вкупните даночни приходи. Споредено со градот Скопје и скопските општини за 6 пати помалку, или во однос на другите урбани општини за 5 пати помалку.

Активностите коишто ги реализираат Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии, во рамките на проектот на УСАИД, веќе покажуваат резултати, рече Пенов.