Министерот Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се обрати на настан по повод одбележување на Светскиот ден на метрологијата 20 мај, кој го организираше Бирото за метрологија. Министерот им честиташе на вработените и на директорот, Абдил Селам Селами и им посака успех во работата...

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се обрати на настан по повод одбележување на Светскиот ден на метрологијата 20 мај, кој го организираше Бирото за метрологија. Министерот им честиташе на вработените и на директорот, Абдил Селам Селами и им посака успех во работата.
„Бирото за метрологија, како орган во состав на Министерството за економија е државна национална метролошка институција, која ги спроведува тие мерења, точни и прецизни, еднакви со мерењата во светот. Како најважна алка во инфраструктурата за квалитет, Бирото за метрологија дава суштински придонес кон надминување на техничките бариери, кон фер трговијата како и кон грижата за потрошувачите. Верувам дека ќе се согласите со мене дека фер трговијата и заштитата на потрошувачите не е возможна без развиен метролошки систем.
Метрологијата е многу важна и би било многу тешко да се замисли модерниот свет на трговијата и на индустријата без ваков Институт. Потребна е современа опрема за извршување на работата во делот на метрологијата“ кажа министерот Бектеши во своето обраќање.
Министерот потсети за достигнувањата на Бирото за метрологија со поддршка на Министерството за економија и Владата
Во однос на следните проекти кои работи Бирото за метрологија министерот Бектеши кажа дека паралелно со развојот на гасоводните мрежи, се јави и потребата за испитување и верификација на гасометри и електронски коректори на зафатнина на гас.
На крајот министерот кажа дека поддршката за понатамошниот развој на Бирото за метрологија, а воедно и метролошкиот систем во Република Северна Македонија и натаму ќе биде приоритет на Министерството за економија, се со цел да се подобри конкурентноста, производството, трговијата, како и квалитетот на животот на сите нас.
