Бектеши отворен за барањата на Комората
Стопанската комора предлага планска изградба на дистрибутивната мрежа на обновливи извори на енергија. Реализација на постапката за капиталниот проект Чебрен за складирање на вишокот електрична енергија...

ЕСМ да купува поевтина струја произведена од фотоволтаиците, отколку да се форсира производство на термоцентралите од јаглен и мазут. Ова е еден од деветте предлог-енергетски мерки кои Стопанската комора ги испорача до Владата и другите институции, задолжени за енергетските политики.
За министерот Бектеши, логични се барањата на бизнис-заедницата. Вели, повеќето од нив ќе бидат прифатени од Министерството за економија.
Стопанската комора предлага планска изградба на дистрибутивната мрежа на обновливи извори на енергија. Реализација на постапката за капиталниот проект Чебрен за складирање на вишокот електрична енергија. Хидрогенот како гориво на иднината да биде дел од Стратегијата за развој на енергетиката.
Александра Велинова
