Влада

Битиќи во „Мултипарк Изаири“: Дијаспората е охрабрена да инвестира во татковината, финансиски и партнерски ја помагаме

19.05.2023 21:27

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на „Мултипарк Изаири“...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на „Мултипарк Изаири“, во општина Боговиње, Тетовско, компанија која произведува бакарни жици кои во главно се користат во индустријата поврзана со енергетиката, основана од браќата Нухи и Неби Изаири, повратници од Германија.

Во неговиот говор вицепремиерот Битиќи рече дека овој ден е јасен показател дека како Влада, длабоко сме посветени на создавање стабилен економски амбиент преку ефикасни економски политики за кои сведочи и успехот на оваа компанија со која Владата партнерски соработува уште од нејзините почетоци.

Вицепремиерот Битиќи рече дека „Мулипарк Изаири“ ја симболизира визијата и заедничките напори на Владата, инвеститорите и граѓаните за изградба на одржлива и правична економија. „Во оваа компанија не гледаме само успешна деловна иницијатива, туку и плодно поле за иновации, соработка и економски раст. Денес, ние сме горди на нашите заеднички достигнувања и на патот што го поминавме за да стигнеме овде. Но, ова е само почеток на долгото патување до успех и одржлив раст. Оваа компанија е конкретен пример за нашата посветеност да отвориме нови работни места, да го помогнеме економскиот развој и да ја зголемиме благосостојбата на нашите граѓани. Веруваме во нашиот потенцијал да создадеме поволна средина за бизнисите, обезбедувајќи ја потребната поддршка за зголемување на иновациите и конкурентноста на глобалниот пазар“, рече Битиќи во неговото обраќање и порача да работиме заедно за да го реализираме нашиот потенцијал, да ги зголемиме инвестициите, да отвориме нови работни места и да влијаеме на економскиот раст на нашата земја.