Нова инвестиција во ТИРЗ Кичево, нови 600 работни места
Нови 600 работни места ќе отвори компанијата „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) која одлучи да инвестира околу 40 милиони евра во Македонија...

Нови 600 работни места ќе отвори компанијата „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) која одлучи да инвестира околу 40 милиони евра во Македонија.
Компанијата ќе произведува електрични батерии за автомобили и ќе гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево.
Договорот денеска во Брисел ќе го потпише директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски во присуство на министерот за економија Крешник Бектеши.
Бектеши и Деспотовски се дел од делегацијата што во Брисел ја предводи претседателот на државата Стево Пендаровски, кој денеска заедно со нив ќе присуствува на бизнис форум во Антверпен каде пред белгиски компании ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Северна Македонија.
