ЕВН со исклучување на струјата го загрози уставно загарантираното право на вода за пиење, велат од АДКОМ
Ако некако се справија со енергетската криза Јавните водоводни претпријатија последните два дена се соочуваат со нови проблеми. Поради напластени долгови од минатите години ЕВН им го исклучува напојувањето на пумпните станици, по што делови од некои општини во одредени моменти останаа без водоснабдување. Од АДКОМ велат дека тоа е противуставно без судска одлука и бараат да се седне на заедничка маса за да се изнајде решение за етапно помирувања на долговите од повеќе години наназад...

Ако некако одолеаја на енергетската криза Водоводните претпријатија последниве два дена се соочуваат со нови проблеми. Поради како што велат неплатени долгови од минатите години ЕВН го прекинуваше напојувањето на пумпните станици по што делови од некои општини останаа без водоснабдување. Директорите на најзасегнатите претпријатија велат дека веќе поднесуваат времени мерки и претставки до судовите. Од АДКОМ потенцираат дека постапката на ЕВН е спротивна на членот 44 на правилникот за снабдување на електрична енергија.
Милевски вели да се работи за наталожени долгови од многу години наназад, но како што ние неможеме да ги исклучуваме граѓаните без судска одлука така и ЕВН треба да постапува кон нас. Апелот на АДКОМ е проблемот да се надминува со меѓусебни договори.
Од ЕВН велат дека исклучувањето на објектите е направено според став 3, член 44 од правилникот и се врши само како крајна мерка. Напоменуваат дека во континуитет им доставувале опомени, а пред крајот на минатата година им е побарано да достават и банкарски гаранции, но и после неколку месеци истата не била приложена.
Стевче Митревски
